Македонија
13. March 2018 - 16:27

Спасовски тврди дека не знаел како неговиот советник дознал кое лице е под ПИ мерки

Спасовски нема сознанија како советникот од неговиот кабинет дошол до информациите кое лице е под ПИ мерки. За случајот се уште се води истрага а министерот информираше дека е покрената и внатрешна контрола. За разлика од советникот, тој како министер тврди дека нема сознанија кои лица подлежат под ПИМ.

Советникот беше приведен под сомнение дека му поткажал на лице за кое се водат ПИ мерки дека е под истрага. Правните експерти  се децидни  дека советникот на Спасовски не смеел да го знае идентитетот на лицето ниту пак да располага со информации дали и за колки лица се води ваква истрага .

Ова укажува на голем проблем со можно политичко влијание врз постапките. Истрагата треба да покаже дали советникот дејствувал самостојно и дошол до информација кој е прислушуван користејќи го своето влијание како човек од кабинетот на министерот и дали постојат системски пропусти во цело МВР.

За дојавата на осомничениот дека е под ПИ мерки советникот на Спасовски заработи само мерки на претпазливост. Тој не е суспендиран и натаму непречено ја врши својата функција.