Македонија
9. October 2020 - 10:53

Спасовски: Полицијата има механизми за легална проверка во домовите

Дали и на кој начин полицијата ќе смее да влегува во домовите при спроведувањето на новите мерки ќе се знае откако тие ќе поминат на влада. Мерките сега се на ниво на предлози, а за нив ќе се дискутира во детали на владина седница идната недела, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во секој случај, вели Спасовски, ќе се почитуваат уставните одредби и неповредливоста на домот. Прво да бидат прифатени предлозите, па потоа ќе ги објавиме и механизмите со кои ќе бидат спроведувани новите мерки, вели министерот, додавајќи дека ова се однесува и за мерката за задолжително носење на маска на отворен простор.

 

Горан Симоновски