Македонија
19. April 2018 - 16:23

Спасовски: Нема закани од нов мигрантски бран

Мигрантската криза во секој момент може да добие на интензитет. Двата прифатни центри на Гевгелија и Табановце се подготвени, јужната граница се чува заеднички со полициски службеници од повеќе држави од регионот а во завршна фаза е и договорот со Фронтекс .И покрај тоа што моментално состојбата на јужната граница каде поминува таканаречената балканска рута е стабилна ,Македонија е подготвена за било каков бегалски бран се засилуваат контролите на границите изјави министерот за внатрешни работи Спасовски.

Директорот на бирото за јавна безбедност Лазо Велковски потенцира дека на средбите со грчката полиција во септември и декември формирани биле тимови и контакт центри за заедничка соработка.

Прекуграничниот организиран криминал ,тероризмот ,екстремизмот и мигрантската криза се сериозни глобални проблеми за кои потребна е регионална соработка беше истакнато на Годишното собрание на шефовите на полициите на државите од Југоисточна Европа.