Македонија
9. April 2019 - 16:13

Спасовски: Нема опасност од нов бран мигранти - полицијата е подготвена за секоја ситуација

Во Македонија во моментов нема опасност од нов бегалски бран. Состојбата на јужната граница е стабилна, а македонската полиција е подготвена да реагира на евентуален нов наплив на мигранти, информираше министерот Оливер Спасовски.

Лажната вест дека е отворена балканската рута е виновна за неодамнешното мобилизирање на бегалци на македонско – грчката граница.

За засилување на безбедноста на јужната границата, македонското МВР доби финансиска донација од Чешка од речиси милион евра.

Средствата ќе бидат искористени за осовременување и опремување и на неколку организациони единици при МВР.

За време на викендот околу илјада бегалци се обидоа да се пробијат до границата со Македонија, но по неколкудневните судири со грчката полиција, и последните мигранти беа вратени во прифатните центри во северна Грција.