Македонија
20. April 2020 - 14:25

Спасовски најавува план за намалување на рестриктивните мерки по 1 мај

Оперативен план за олабавување на владините мерки и вонредната состојба поради коронавирусот, најавува техничкиот премиер Оливер Спасовски. Плановите за нормализацијата треба да почнат по 1 мај. Спасовски најавата ја направи преку Фејсубук.

„Подготвуваме сериозен план, после првомајските празници да започне процес на враќање на нормала. Тоа нема да биде бргу, ниту веднаш“, напиша техничкиот премиер.

Пораката стигна по најдолгиот полициски час поради велигденски празници кој почна во петокот во 16 часот, а ќе трае до утре до 5 часот наутро и само неколку дена откако претседателот Стево Пендаровски да прогласи вонредна состојба.

Од владата велат дека олабавувањето на рестрикциите на целата територија ќе се одвива во фази. Прво, ќе се намали времетраењето на полицискиот час, но задолжително ќе мора да се носат маски и марами. Министерството за здравство веќе е задолжено да направи ваков план за тоа кога и како ќе се воведе носењето на заштитна опрема на

Во врска со олабавувањето на рестрикциите на територија на цела држава, тоа ќе се одвива во неколку фази. Се прават планови за да се намали времетраењето на полицискиот час но задолжително сите ќе мора да носиме маски/марами а остануваат и мерките за забрана на групирања и задолжителна дистанца од два метри. 

Во меѓувреме Владата викендов донесе и заострени мерки кои се однесуваат на Куманово, Тетово и Прилеп како најпогодени од Ковид 19. Од утре се забранува влез во и излез од овие градови. Од среда пак, ќе биде забрането гражаните да се вижат надвор од нивните домови без заштитна опрема, маски и ракавици..

Дополнително, владата препорача на гражаните од овие општини да не излегуваат надвор од своите добиви без причина, а набавката на продуктите за живот да ја прави само едно лице од семејстото.

Владата донесе мерки кои ќе се однесуваат и на целата територија. Кривично ќе се одговара за групирање на повеќе од пет лица, а ќе има и казни ако не се одржува растојание од најмалку два метра.

Министерсатвото за здравство треба пак, да изготви план кога и како да се воведе задолжотелно носење на заштитна опрема на целата територија на државата.

Пред да почне олабавувањето на мерките пак, ни претстои и нов продолжен викенд, за кој неофицијално повторно ќе биде воведена забрана за движење која ќе трае 85 часа.