Македонија
18. April 2018 - 8:51

Спасовски на промоција на програмата за „Јакнење на интегритетот на полициските службеници“

Во Полициската станица Гази Баба денеска ќе биде промовирана програмата на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР - „Јакнење на интегритетот на полициските службеници“.

На промоцијата ќе присуствува и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој по тој повод ќе има и свое обраќање.