Македонија
5. September 2017 - 16:44

Спасовски: МВР ќе ги насочи сите капацитети за одржување мирни и фер избори

Во пресрет на локалните избори МВР засилено се подготвува за обезбедување на изборниот процес . Министерот Оливер Спасовски најави дека сите расположливи капацитети ќе бидат насочени кон создавање на атмосфера за фер и демократски избори на кои граѓаните ќе можат самостојно да одлучуваат.
 
Безбедносната сосотојба во земјава е добра но потребно е да се работи во многу аспекти за да се подобри. Еден од клучните проблеми во секторот за внатрешни работи во Охрид е недостатокот на кадровски потенцијал на полицајци пред се оние кои треба да бидат директно на терен.
 
Министерот Спасовски на работната посета во СВР Охрид се запозна со безбедносната состојба, потребите и проблемите околу новите принципи на работењето на полицијата ,блискоста со граѓаните и состојбата за криминалитетот во ова подрачје.