Спасовски: Мигрантите се уште се обидуваат илегално да транзитираат низ државата
Мигрантите се уште се обидуваат илегално, самостојно или со помош на криумчари да транзитираат низ Република Северна Македонија кон север и понатаму кон своите крајни дестинации. Податоците за 2018 година укажуваат на зголемен број на обиди за илегално преминување на јужната граница, а зголемен е и бројот на откриени мигранти. Тоа што најмногу загрижува е што голем дел од илегалните мигранти се обидуваат да користат услуги на криумчари на мигранти, не само во земјава, туку и во целиот регион.
Ова го нагласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој официјално го отвори 72. состанок на Управната група на Меѓународниот центар за развој на миграциската политика (ИЦМПД), што денеска и утре се одржува во Охрид посветен на повеќе актуелни прашања од областа на миграциите.
Иако, според Спасовски, независно од таквите трендови, безбедносната состојба на државните граници во моментов генерално е поволна, тој акцентираше дека за одржување на таквата состојба, но и за соодветно справување со евентуален иден масовен прилив се преземаат низа мерки и активности, а продолжено е и времетраењето на Одлуката за прогласување на кризна состојба на подрачјето на јужната и северната државна граница, што овозможува непречено користење на потребните национални ресурси и капацитети за справување со предизвикот.
Министерот Спасовски, меѓу другото, ги посочи и Договор за статус меѓу ЕУ и Република Северна Македонија со кој Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража и Република Северна Македонија како рамноправни партнери ќе преземаат заеднички акции насочени кон спречување на илегалната миграција и прекуграничниот криминал, потоа новите Закони за странци и за меѓународна привремена заштита со кои се усогласува националното со европското законодавство, но наедно се отстранува дел од постоечките празнини и слабости воочени во текот на справувањето со мигрантскиот бран.
– Сепак, како што потенцира Спасовски, сите сме свесни дека кога станува збор за илегалната миграција, се говори за глобален проблем, динамичен и со тенденција на брзи промени на трендовите, појава која зависи од многу надворешни фактори на која државите, немаат големо внимание. Оттаму, колку и да е добро испланирана и имплементирана, ниту една мерка или активност долгорочно нема да биде доволна за успешно справување доколку остане во национални рамки, односно доколку не е дел од еден поширок и координиран одговор на сите засегнати земји од регионот, па и пошироко.
Ново на Сител
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев