Спасени над 1.700 мигранти во близина на либискиот брег
Над 1.700 мигранти денеска се спасени во близина на брегот на Либија, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на италијанската крајбрежна стража.
Со тоа вкупниот број на луѓе кои само неделава се спасени во Средоземно Море надмина 14.000, забележуваат француските медиуми. Само во понеделникот беше постигнат рекорд, со спасени 6.500 мигранти западнати во опасност.
Британските медиуми посочуваат дека и натаму се засилува напливот на мигранти кон јужното крајбрежје на Европа.
Италијанската крајбрежна стража и военопоморски сили заедно со европската мисија во Средоземно Море, две хуманитарни организации и трговските бродови, вчера, крај либискиот брег спасиле вкупно 1.725 мигранти. Луѓето биле пронајдени во две бродчиња и 14 чамци на дување.
Италија се претвори во главната дестинација за бродовите и чамците со мигранти од северна Африка за Европа, откако ЕУ во март со Турција ја склучи спогодбата за ограничување на дотокот на мигранти кон Грција, забележуваат британските медиуми.
Од почетокот на годината до 26 август во Италија пристигнале около 105. 000 лица, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграција.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар