Македонија
9. July 2019 - 22:18

Спасени двајцата параглајдеристи кои паднаа на непристапен терен на Галичица

Во близина на Македонската-албанска граница двајца параглајдеристи момче и девојче од Украина изгубиле контрола додека летале на Галичица и паднале на паднините на планината. Несреќата се случила денеска во 15 часот.
 
Веднаш било стапено во контакт со албанската полиција и со бил испратен хеликоптер на македонското МВР и припадниците на единицата за специјални задачи ги спасиле параглајдеристите и ги пренеле во болницата Св, Еразмо во Охрид.