СП2022: Новинарка ограбена во Катар, полицијата ѝ понудила да избере казна за сторителот
Аргентинска новинарка е ограбена во Доха во близина на зона во која се собираат навивачите за Светското фудбалско првенство, а при сослушувањето од полицијата и било ветено дека сторителот брзо ќе биде откриен и ѝ било понудено самата да избере казна за крадецот.
Инцидентот се случил додека новинарката Доминик Мецгер снимала прилог од Мундијалот во Катар за аргентинска телевизија, кога непознат сторител и го извлекол паричникот од чантата.
Мецгер по пријавување на случајот била однесена во друга полициска станица, во женски оддел, каде и било укажано дека треба да даде изјава.
-Тогаш се случи еден комплексен момент. Ме прашаа како сакам да биде казнето тоа лице. Ми објаснија дека камери се поставени насекаде и оти брзо ќе го најдат сторителот, појасни Мецгер.
Катарските полицајки на аргентинската новинарка и рекле дека самата може да избере казна за сторителот и притоа ја прашале дали сака да му биде изречена казна затвор во траење од пет години или да биде депортиран.
-Им одговорив дека навистина не сакам да се ставам во таква позиција и оти не можам да одлучувам за такви работи бидејќи не сум судија, рече новинарката на аргентинска телевизија.
Ново на Сител
-
Кој ќе ги пишува уставните амандмани?
-
Тема на денот со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска
-
Министерството за здравство без конкретни одговори околу случајот со смртта на 6 годишната Јана
-
Покренато обвинение против Трамп во случајот со исплата на мито за Сторми Даниелс
-
Убиство во казино во скопски Капиштец
-
Ќе ги намали ли Владата бодовите за да скрати од енормно високите плати?
-
Ќе се олеснува преминот на границите меѓу Македонија и Србија
-
Армијата ќе се модернизира со 900 милиони евра