Спорт плус
29. September 2019 - 10:13

СП: Златен медал за Колман на 100 метри

Американецот Кристијан Колман го освои златниот медал на Светското првенство во Доха, на трката на 100 метри. Колман на првенството дојде со накдобриот резултат оваа сезона и ја оправда улигата на фаворит.

Колман на крајот забележа убедлива победа со време 9.76 секунди. Ова време е најдобро оваа сезона. За Колман ова е трет медал, прв златен, на светските првенства. Пред две години тој освои сребрени медали на 100 метри и во штафетата 4×100 метри.

Второто место му припадна на 37 годишниот ветеран Џастин Гетлин со време 9. 89 секунди.

Голем успех остави Канаѓанецот Андре Де Грас, тој со личен рекорд 9:90 секунди го освои бронзениот медал.