Ракомет
11. December 2015 - 10:02

СП - жени: Последно коло од групната фаза

Со одигрувањето на натпреварите во Ц и Д групите комплетирано е 4.коло на Светското ракометно првенство за жени, што се одржува во Данска.
 
Резултати 4.коло: 
Ц група: Аргентина - Бразил 19:23, Франција - Конго 29:16, Германија - Јужна Кореја 40:28.
Д група: Русија - Казахстан 42:19, Шпанија - Порторико 39:13, Норвешка - Романија 26:22.
 
Денеска на програмата се натпреварите од 5.коло по кои ќе ги дознаеме и последните три селекции кои ќе се пласираат во првата нокаут рунда на шампионатот (осминафиналето). Воедно ќе се играат и неколку натпревари кои директно решават за првото место во групата: Данска - Црна Гора и Бразил - Франција.
 
Двојките за последното коло се:
 
А група: Унгарија – Јапонија, Тунис – Србија и Данска – Црна Гора. 
Табела: Црна Гора 7 бодови, Данска 6, Унгарија 6, Србија 3, Јапонија 2 и Тунис 0.
 
Б група: Кина – Ангола, Холандија – Полска и Куба – Шведска.
Табела: Холандија 7 бодови, Шведска 7, Полска 6, Ангола 2, Кина 2 и Куба 0.
 
Ц група: Аргентина – Ј. Кореја, Бразил – Франција и Конго – Германија. 
Табела: Франција 7, Бразил 7, Германија 4, Јужна Кореја 4, Аргентина 2 и Конго 0.
 
Д група: Порторико – Казахстан, Романија – Русија и Норвешка – Шпанија. 
Табела: Русија 8, Шпанија 6, Норвешка 6, Романија 4, Казахстан 0 и Порторико 0.