Ракомет
21. July 2017 - 8:24

СП У-21: Македонија во осминафинале

Со убедлива победа од 48-20 Македонија против Буркина Фасо младата селекција на Македонија ја прослави и втората победа на СП во ракомет што се игра во Алжир. 

Со овој триумф избраниците на селекторот Темелковски веќе го обезбедија пласманот во осминафиналето. 
Сега ќе се борат за подобар пласман во групата што би им донел и полесен противник во следната фаза. 
Денеска во 19ч. Македонија игра против селекцијата на Тунис.