Фудбал
19. јуни 2018 - 19:38

СП Русија: Сенегал подобар од Полска

Во рамките на групата Х селекцијата на Сенегал ја совлада фаворизираната Полска со 2-1 и се искачи на врвот заедно со Јапонците кои претходно ја изненадија Колумбија.

Гај со помош на Чионек кој го смени правецот на топката го доводе Сенегал во водство  и тоа беше резултатот од првиот дел.

Во вториот селекцијата од Африка зголеми и на 2-0 со погодокот на Нианг во 60м.

Се што успеа да направи Полска до крајот е да постигне почесен погодок преку Криковијак. Во второто коло Сенегал ќе се судри со Јапонија додека Полска прва победа ќе брка на дуелот со Колумбија.