Фудбал
25. јуни 2018 - 11:19

СП Русија: Први бодови за Колумбија

Репрезентацијата на Колумбија ги задржа шансите за пласман во осминафиналето на СП во Русија откако убедливо со 3-0 ја совлада Полска за која шансите се загубени.
Стрелци за Колумбија која одигра одличен меч беа новото засилување на Барселона, Јери Мина во 40м.  На 2-0 зголеми Фалкао кој го постигна својот 30-ти погодок во националниот дрес додека конечните 3-0 ги постави Квадрадо.
Во оваа група Јапонија и Сенегал имаат по 4 бода, Колумбија 3и Полска 0 бодови.
Во последното коло играат Колумбија-Сенегал и Јапонија-Полска.