Loading Video...
Фудбал
19. јуни 2018 - 17:53

СП Русија: Јапонците го искористија црвениот картон на Колумбија

Одличен натпревар одигра Јапонија на стартот на мундијалот во Русија каде успеа да слави со 2-1 против фаворитот Колумбија која мораше поголемиот дел од мечот да го одигра со играч помалку. 
Можеби клучен момент на овој интересен натпревар беше исклучувањето на Карлос Санчез уште на самиот старт од мечот уште во 3. Минута што е првиот црвен картон на мундијалот. 
По тој момент самураите доминираа, создаваа шанси од различни позиции и први го отворија резултатот но со удар од белата точка по прецизниот удар на Кагава. 
И покрај неповолниот развој на средбата Колумбијците сепак се созедоа и по неколкуте шанси  успеваат да израмнат до крајот на првиот дел со погодокот на Хуан Квинтеро. 
Во вториот дел Јапонците ставија се на една карта за да ја искористат предноста од играч повеќе и по шансите на Осако и Инуи токму Осаkо во 73м постигнува прв гол за оваа репрезентација по изведен корнер на Светските првенства што на крајот беше и конечен резултат на мечот со немоќните Колумбијци за која во вториот дел настапи и Хамез.