Фудбал
24. јуни 2018 - 19:43

СП Русија: Дуелот Сенегал-Јапонија без победник

Иако во два наврати имаа предност фудбалерите на Сенегал сепак дозволија Јапонија да избегне пораз во меч кој заврши 2-2 па сега обете селекции имаат по 4 бода очекувајќи го вечерашниот дуел на поразените селекции Полска и Колумбија. 

Мане и Вагуе беа стрелци на головите за Сенегал додека на спротивната страна прецизно стрелаа Инуи и Хонда. 
Во последното коло Сенегал игра против Полска додека Јапонија ќе се сретне со Колумбија.