Спорт плус
27. February 2019 - 17:47

СП Нордиско скијање: Допинг скандал во австриската репрезентација!

Австриските и Германските власти спроведоа на СП во нордиско скијање во Зефелд координирана акција против меѓународната мрежа за допингување. 
Извршен е претрес во 16 куќи при што се уапсени 9 лица меѓу кои и двајца австриски репрезентативци и еден спортски лекар од Германија. Вкупно се уапсени пет спортисти меѓу кои и еден од Казахстан и два од Естонија. 
Претресите и апсењата се спроведени  по налог на обвинителствата во Минхен и Инсбрук.  Криминалната групација на чие чело е 40-годишниот лекар од Германија е обвинета дека спроведува допинг на крвта. Скијачката федерација на Австрија веќе еднаш беше вклучена во допинг скандал и тоа на ОИ во Торино 2006 година.