Кошарка
31. August 2019 - 16:09

СП Кошарка: Неверојатен кам-бек на Порторико

Спектакуларен меч одиграа Порторико и Иран во Ц-групата на Светското првенство во Кина. Порториканците се вратија по негативата од 19 поени и со поени на Мохика во последната секунда славеа 83:81.

Иранците водеа од почетокот на мечот, имаа 19 поени предност во првиот дел, а на полувреме имаа плус од 18 поени во однос на Порториканците.

Во последните период Иранците влегоа со разлика од 14 поени, на неполни четири минути до крајот разликата беше 11 поени за Иран. Тогаш Порториканците влегоа во серија предводени од Уертас, кој врза две тројки во последните 26 секунди за 78:81. Иранците израмнија со тројката на Хадади на 81:81.