Кошарка
10. September 2019 - 15:38

СП: Аргентинците ја елиминираа Србија

Репрезентацијата на Аргентина се погрижи за ново изненадување на кошаркарскиот мундијал во Кина и со триумф во четвртфиналето од 97-87 ја елиминира фаворизираната Србија од борбата за медали.
Нашиот северен сосед ќе ја продолжи битката за пласман од 5-8 место.
Мечот започна со резултатска доминација на Аргентина која предводена извонредниот Кампацо на крајот оствари заслужена победа и обезбеди учество во полуфиналето каде ќе игра со победникот од дуелот САД- Франција.
Скола со 20 поени и Кампацо со 18 беа најефикасни во аргентинскиот тим додека на спротивната страна 21 уфрли Богдановиќ.