Ракомет
15. January 2019 - 13:54

СП 2019 - Лазаров: Нема калкулации и со Шпанија ќе „влеземе“ максимално

По преспиената ноќ, во позитивна атмосфреа македонските ракометари се појави на денешниот тренинг во Олимпијахале. Капитенот Кирил Лазаров напомена дека утрово репрезентацијата направила анализа на вчерашниот пораз од Хрватска, а приттоа направи и споредба со тоа дека и пред две години во Мец на СП во групата во последните два натпревара од групата игравме со Шпанија и со Исланд.
- Видовме каде грешевме со Хрватска, очекувам на следните дуели шансите кои ќе ги создадеме дека ќе успееме да ги реализираме и дека ќе немаме толку промашувања. Нема да има калкулации и на дуелот со Шпанија ќе влеземе максимално, а потоа ќе видиме. Најважно е да останеме здрави и по тој дуел со Исланд да не ни се повтори Мец, кога ги загубивме Манасков и Миркуловски за следната фаза. Со играта 7-6 во напад мора да бидеме трпеливи и да играме до изградена позиција.Важно ни е да победиме еден натпревар, а тоа ќе биде добро да биде дуелот со Исланд, заврши капитенот Лазаров.