Loading Video...
Свет
30. August 2017 - 17:00

Советот за безбедност на ОН категорично го осуди новото ракетно лансирање на Северна Кореја

Советот за безбедност на ОН категорично го осуди лансирањето на балистичка ракета, што вчера го изврши Северна Кореја. Советот ги повика сите земји членки на ОН стриктно и целосно да ја почитуваат резолуцијата на организацијата, вклучително и оние кои и наметнуваат економски санкции на Северна Кореја, стои во соопштението одобрено од 15-те земји членки. Во соопштението се додава дека  е од витално значење Северна Кореја да преземе непосредни, конкретни дејствија со цел да ја намали тензијата. Постојаните претставници на Русија и Кина се спротивставија на едностраните санкции.