Македонија
29. October 2020 - 8:26

Советот за безбедност ќе расправа за состојбата со Ковид-19

Советот за безбедност на Република Македонија денеска во претседателската „Вила Водно“ ќе одржи седница за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19.

На седницата, како што соопшти кабинетот на претседателот, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство Венко Филипче.

На деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Македонија и мерките и активностите на надлежните институции.