Македонија
29. December 2021 - 13:59

Советот на Општина Охрид го усвои буџетот за 2022 година проектиран на 652 милиони денари

 Советот на Општина Охрид на денешната седница со 15 гласа „за“ и шестмина воздржани од гласање го усвои буџетот на општината за наредната 2022 година, проектиран на 652 милиони денари или некаде 10,6 милиони евра.

На дневен ред на шестата седница беа вкупно 71 точка – предлог буџетските програмите за туризам, локален економски развој, потоа за капитални инвестиции во образованието и детската заштита, како и предлог програмите за работа на охридските јавни претпријатија.

Инаку, работата на Советот и текот на седницата ја следеа претставници на ОБСЕ/ОДИХР.