Советот на општина Гевгелија ја усвои завршната сметка за 2015
Советот на општина Гевгелија денеска ја усвои завршната сметка за остварувањето на Буџетот според која вкупно реализираните приходи во 2015 година изнесуваат 429,5 милиони денари што претставува остварување од 71,71 отсто. Споредено со 2014 година, лани општина Гевгелија остварила околу 18 отсто повеќе приходи во буџетот.
Кај основниот буџет се реализирани приходи од 215,5 милиони денари што претставува остварување од 60,30 отсто во однос на планираните 357,2 милиони денари и до сега тоа претставува рекордно остварување на приходи во основниот буџет на општина Гевгелија во последните 10 години.
Скоро целосно со 92,8 отсто лани се остварени приходите од буџетските дотации чиј вкупен износ изнесува 170,5 милиони денари кои беа наменети за финансирање на образованието,културата,
Преку проектите од ИПА програмата за прекугранична соработка во општинскиот буџет се отварени донации од околу 32 милиони денари,а околу 12 милиони денари приход биле реализирани од амофинансирачките активности.
- Фактот дека мината година беше реализиран основен буџет од 215,5 милиони денари и тоа без зголемување на ниту една јавна давачка,недвомислено зборува дека лани општина Гевгелија успешно се справи со сите предизвици и покрај непланираните огромни трошоци за справување и со бегалската криза.Ги обезбедивме и сите услови за задоволување на потребите и барањата на граѓаните,истакна градоначалникот Иван Франгов во своето обраќање пред советниците.
Ново на Сител
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас