Советот на млади од Крива Паланка со иницијатива за разубавување на новиот скејт парк во градот
Новиот скејт парк во Крива Паланка е разубавен и исцртан со мурали на иницијатива на Советот на млади при општината, со што сите млади од градот добија уште една модерна и урбана локација за дружење и рекреација.
– Оваа иницијатива потекнува од членовите на Советот на млади, со поддршка на локалната самоуправа, а ја уредивме и и дадовме нов урбан лик благодарение на соработката со четири млади уметници од Скопје. Станува збор за Андреј Митевски, Александар Наумовски, Љубиша Камењаров и Ѓорѓе Јовановиќ, кои му дадоа живост и уникатен белег на просторот, изјави Александар Величковски, претседател на Советот на млади на Општина Крива Паланка.
На муралите се насликани скејтери, велосипедисти, млади спортисти.
– Декоративни и инспиративни се насликаните мотиви, презентирајќи ги идеите за слободарскиот дух на младите, нивниот однос кон животот и природата, зашто тие се движечка сила на општеството. Воедно, Јовановиќ својот мурал го посвети на нашата актерска величина, кривопаланчанка по потекло, Милица Стојанова, додаде Величковски.
Уредувањето на скејт паркот е дел од проектот на општина Крива Паланка „Подобра спортска инфраструктура, подобро здравје за сите“ со кој се уредени повеќе спортско-рекреативни содржини во градот. Проектот е финансиран од Амбасадата на Република Бугарија во земјава, а се реализира со средства во висина од 73 илјади евра.
Со овој проект беше изградена атлетска патека на градскиот стадион во Крива Паланка, во завршна фаза е и уредувањето на мини голф теренот на спортскиот комплекс во општината.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација