Советот на министри на ЕУ ќе расправа за Западниот Балкан
Состојбите во земјите од Западниот Балкан ќе биде една од темите на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.
На седницата на Советот на министри ќе се обрати високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерина, која ќе ги информира министрите за резултатите и разговорите од нејзината минатонеделна турнеја низ земјите од Западен Балкан.
Се очекува министрите да усвојат заклучоци, кои ќе бидат основа за подготовка на извештајот за Западен Балкан, што треба да биде донесен на Самитот на ЕУ што ќе се одржи в четврток и петок во Брисел.
Во соопштението на Советот на ЕУ во пресрет на министерскиот состанок се наведува дека „Западен Балкан има јасна европска перспектива, која е основа за стабилноста, помирувањето и иднината на регионот“.
- Се очекува министрите да го потврдат ангажманот и фокусот на ЕУ кога е во прашање регионот, вклучувјаќи го и одржувањето на политичките и економксите врски со него. Од тој аспект од клучно значење е развојот на регионалната соработка и добрососедските односи, се додава во соопштението.
Според извори во Брисел, се очекува во заклучоците од министерската средба да се нагласи неопходноста од продолжување на реформските процеси во регионот со цел да се обезбеди „непречено напредување на партнерите од Западен Балкна на еврропскиот пат“.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО