Македонија
30. August 2019 - 13:19

Советот на јавни обвинители има нов претседател

Ацо Колевски е нов претседател на Советот на јавни обвинители. На денешната седница тој бил избран едногласно со 10 гласа ЗА, а немал противкандидат.

Колевски за себе вели дека зад себе има 30 годишно искуство во јавно обвинителската дејност.

Од Советот информираа дека уште вчера го испратиле до Собранието предлогот за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски вели дека засега предлогот не е пристигнат за да се свика седницата.

Зоран Јаневски