Македонија
10. јуни 2021 - 16:49

Советот на Европа бара од Бугарија да го реши проблемот со македонските здруженија до декември

Бугарија до први декември треба да го реши проблемот со регистрација на македонските здруженија, бара Комитетот на министри на Советот на Европа, но стравува дека Македонците во Бугарија можат да станат заложници на тензичните односи меѓу двете земји.

Стојков верува дека не е случаен моментот на антикорупциските  санкции на САД кон Бугарија, во тоа гледа поврзаност со  македонското прашање и засилувањето на руските влијанија во регионот. 

Европскиот суд за човекови права неколку пати ја осуди Бугарија поради одбивањето да ги регистрира здруженијата кои го негуваат етничкиот и културен индентитет, но Софија и натаму продолжува со својата политика.