Свет
18. February 2020 - 8:31

Советник на Борис Џонсон поднесе оставка поради расистички коментари

Советник на британскиот премиер Борис Џонсон поднесе оставка поради неговите коментари на интернет дадени пред извесно време во кои тој ги поврза интелигенцијата на личност со раса.

Во своја порака на интернет, Ендру Сабиски наведува дека афроамериканците имаат пониска стапка на интелигенција од белите Американци.

Покрај тоа, во една публикација во 2014 година, Сабиски пишува дека начинот на прекинување на несаканите бремености „што доведува до создавање постојана пониска класа“ е да биде воведено користење контрацепција.

Во објавата на Твитер, советникот напиша дека се повлекува бидејќи не сака да биде некој што предизвикува проблеми.