Совет на странски инвеститори: Платите во ТИРЗ не отстапуваат многу од оние на ниво на државата

Бруто-платите во технолошко-индустриските развојни зони не отстапуваат многу од бруто-платите на ниво на Македонија, соопшти денеска Советот на странски инвеститори при Стопанската комора.
Според истражувањето на Советот, кое ги земало предвид само индустриските сектори застапени во зоните, нето-платата на ниво на Македонија во тие индустрии е 17.555 денари, додека во зоните е 16.143 денари. На оваа сума вработените добиваат плус 5.000 денари месечно ако не им се обезбедени превозот и храната.
- Отстапувањето во платите е минимално. Работниците се исплаќаат согласно законски гарантираната минимална плата, а дел од раководителите дури се и подобро платени од оние кои работат во истите индустрии надвор од зоните, истакна Влатко Стојановски од Стопанската комора, додавајќи дека на вработените во ТИРЗ целосно и редовно им се исплаќаат и придонесите.
Потпретседателката на Советот на странски инвеститори Ирена Јакимовска дополни дека за да се зачува работната сила која особено периодов многу тешко се наоѓа, од интерес на компаниите е да обезбедат плата.
- Се соочуваме со зголемена конкуренција на работната сила и се потешко се наоѓа соодветен кадар. За тој да се зачува, треба да се инвестира, посочи Јакимовска.
Одговорајќи на новинарски прашања, Јакимовска рече дека работните процеси на компаниите и извозот воопшто не се забавени поради најавените предвремени избори во април.
Претставувајќи ја годишната Програма за работа на Советот, Јакимовска информира дека приоритет во 2016 ќе биде интензивирање на соработката на домашните компании посебно малите и средните претпријатија, со странските инвеститори. Во оваа насока, Советот им нуди помош на сите домашни фирми кои сакаат да го подобрат квалитетот на услугите и на производите согласно светските стандарди што би ја олеснило соработката пак со странските компании во земјава.
Како што најави потпретседателката, предвидено е и изготвување база на податоци за сите компании со домашен капитал, тип на производи и услуги. На овој начин, подвлече Јакимовска, Советот ќе влијае на зголемувањето на бројот на вработени и на квалитетот на производите кај компаниите.
Еден од приоритетите годинава ќе биде и промовирањето на женското претприемништво.
Ново на Сител
-

Одбраната на Јованов: Обвинението против Михаил Јованов се темели само на тоа што е син на сопственикот на „Пулс“
-

Финансиска поддршка од 12.000 денари за новороденчињата од Општина Кисела Вода
-

Амбасадорката на Кина во посета на Свети Николе
-

Ирска вети дополнителни 125 милиони евра финансиска поддршка за Украина
-

Итен дефект на водоводна линија, утре без вода делови од Скопје
-

Приведени 15 лица под сомнение за убиство од небрежност во пожарот во Хонг Конг, соопшти полицијата
-

Жител на Бегниште приведен поради агресивно однесување кон полициски службеници
-

64-годишник измамен за сума од 1300 евра, едно лице му ветило дека ќе му помогне да земе социјална помош
