Свет
22. February 2023 - 8:18

Состанок на земјите од Б9 форматот денес во Варшава - учесник ќе биде и Џо Бајден

Во Варшава денеска ќе се одржи состанок на земјите од Б9 каде учесник ќе биде и американскиот претседател Џо Бајден.

Форматот на политичкиот дијалог ги обединува земјите-членки на НАТО Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка, Унгарија, Чешка, Полска и Бугарија.

Во фокусот на разговорите се очекува да биде зајакнувањето на источното крило на НАТО, на што се обврзаа САД по почетокот на војната во Украина. Ќе се разговара и за можностите за зголемување на меѓународните бригади кои беа создадени   како средство за подобрување на безбедноста во земјите во непосредна близина на Русија.