Состанок на Заедничкиот управен комитет за новата Рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации и Македонија
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска заедно со резидентниот координатор на ОН во Македонија, Росана Дуџак го одржаа првиот Заеднички управен комитет за спроведување на новата Рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации и националните институции за 2021 година.
Како што соопшти МНР, во својство на членови на Комитетот, на состанокот активно учествуваа и министерот за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, министерот за образование и наука, Мила Царовска, министерот за здравство, Венко Филипче и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.
На воведното обраќање, министерот Османи ги истакна модалитетите за најсоодветно искористување на поддршката што Македонија ја добива од системот на ОН, а во насока на реализирање на развојните приоритети.
–Тоа што сакаме да го постигнеме е промена што е одржлива, видлива за крајните корисници – нашите граѓани, што ќе резултира во подобра правна рамка и поефикасни и одговорни институции, истакна Османи.
На првиот состанок на Комитетот за 2021 година, беа разгледани националните приоритети во доменот на одржливиот развој, при што беа одобрени клучните документи за спроведување на Рамката за соработка со OОН за 2021-2025 година.
Рамката за соработка за одржлив развој на ОН со Македонија за периодот 2021-2025 е стратешка програмска рамка за активностите на ООН во нашата земја и претставува збир на активности на агенциите на системот на ООН за поддршка на земјата во адресирање на приоритетите и предизвиците кон постигнување на Целите за одржлив развој.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та