Свет
12. September 2015 - 12:15

Состанок на вишите команданти на НАТО во Истанбул

Во Истанбул денеска заседава Воениот комитет на земјите од НАТО, кој се смета за највисока авторитетна воена институција на Алијансата, јави БТА.

Во градот крај Босфорот веќе пристигнаа командантите на армиите на НАТО држави.

Главен домаќин на истанбулскиот форум е началникот на Генералштабот на турската армија Хулуси Акар.

На дневниот ред на седницата се застапени проблемите поврзани со Сирија и Украина, наведуваат турските извори, а ќе биде направен и преглед на тековните операции на силите на НАТО на Блискиот Исток и Авганистан.

На денешната седница се очекува специјално да биде разгледана кризата во Источна Европа меѓу Русија и Украина, како и проблемите на европската безбедност.

Во расправата на претставниците на Високиот воен сојуз ќе се фокусира на постојано растечкиот опасност од „Исламска држава" за глобалниот мир и проблемите на граѓанската војна во Сирија.

Ова е втор највисок форум на НАТО, кој се одржува оваа година во Турција.