Свет
12. July 2016 - 8:30

Состанок на Обама и Бајден со полициски претставници

Американскиот претседател Барак Обама и потпретседателот Џо Бајден синоќа на состанок со претставници на полициски сили разговарале за начините за поддршка при обука на полицајци за тие да влегуваат помалку во судири, соопшти Белата куќа.

– Обама нагласи своја посветеност за подобрување на јавната безбедност и намалување на тензиите меѓу полицајците и граѓаните на кои тие им служат, се вели во соопштение.

Состанокот беше одржан по убиството на пет полицајци во Далас во минатиот четврток за време на протести поради полициски убиства на црнци во Монесота и Луизијана.