Македонија
15. јуни 2016 - 8:27

Состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ

Во Клубот на пратениците денеска ќе се одржи 13. Комитет за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија.

Со состанокот, од македонска страна, ќе претседава  Ана Блажеска, државен секретар во Секретаријатот за европски прашања, а од страна на Европската Комисија, Дејвид Кулен, раководител на Секторот за Република Македонија, Директорат за проширување и соседска политика.