Бизнис
5. April 2018 - 19:28

Сосиете Женерал се повлекува од Источна Европа- Oхридска банка ќе се продава, пишуваат бугарските медиуми

Охридска банка  ќе се продава. Бугарските медиуми пишуваат дека Француската групација Сосиете женерал  соопштила  дека се повелука од Источна Европа. Се продаваат банките во Бугарија, Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија и Молдавија. Како што пренесуваат тие добро работеле ,но функционирале во опркужување кое  постојано било изложено на политички промени и измени во законските регулативи. Oд Охридка банка засега намаат коментар. Гувернерот Богов  пак вели  евентуалната продажба не треба да не загрижува. Според него станува збор за ценовно чувствителна информација и затоа засега не сака да ја кометира продажбата.

- Не би ја коментирал информацијата оти станува збор за пазарно чувствителна информација и доколку има такво нешто групацијата  да го сподели тоа со јавноста. Но тоа не би требало да не загрижува. Дури и да дојде до промена на акционерската структура во некои банки НБРМ води сметка новите акцинери  да бидат  на исто ниво на квалитет како сегашните, рече Димитар Богов- гувернер на НБРМ

Засега остануваа банките  во Русија, Чешка и Романија.

Пред две годнини групацијата ја продаде хрватската Сплитска банка на ОТР, а лани и грузиската.