СОС: Сорос и објави војна на македонската економија

„Стоп операција Сорос“ (СОС) денеска најави дека во наредниот период ќе бидат организирани низа локални референдуми од невладините организации финасирани од Сорос со цел да се спречи приливот на нови странски инвестиции во земјава, а ќе се обидат и да предизвикаат заминување и на постојните.
- Невладините организации години наназад имаа прилика да ги покренат прашањата за кои сега распишуваат референдуми, но тоа не го сторија. Сега Сорос започнува реализација на сценарио со кое практично објавува војна на странските компании кои пројавиле или ќе пројават интерес за инвестирање во државата. Во пресрет на локалните избори, кога и да се случат, соросовите организации ќе отворат многу сензитивни прашања за секој граѓанин, ќе манипулираат со чувствителни теми како што се здравјето и потомството. Со тоа ќе се ловат гласови и ќе се креира јавно мислење во корист на една политичка партија, рече Никола Србов на прес-конференција.
На тој начин, нагласи, уште сега ќе ја почнат кампањата на СДСМ и ќе се развива анимозитет и револт кон политичкиот опонент ВМРО-ДПМНЕ.
- Соросовите организации преку референдуми ќе се обидат да ги спречат сите идни странски инвестиции, како и да ги затворат веќе постоечките. Примарна цел им е уништување на македонската економија и губење на индустриската и енергетската независност за да стане Македонија целосно зависна држава и на тој начин да биде лесна за уценување во надворешната и внатрешната политика. Со референдумите ќе се дефокусира јавноста од тиранската платформа и редефинирањето на државата, потенцира Србов.
Посочи дека соросовите организации во моментот кога земјава се справува со најголемите предизвици од нејзиното постоење работат, како што рече, на сценариото македонскиот граѓанин да биде сиромашен, невработен и целосно зависен за да може да прифати политика која е на негова штета.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани
-

Атлетико Мадрид доби нови сопственици
-

Во украинската корупциска афера вмешан и соработник на Зеленски
-

Роналдо: СП2026 ќе биде мое последно, а ќе играм уште година, две
-

Лавров: Русија ќе тестира нуклеарно оружје, ако и другите нуклеарни сили вршат нуклеарни проби
-

На секои 10 следбеници собира една ќеса ѓубре | Филип Ѓорѓиев „Ќеса на 10“ | Sitel Podcast 123
-

Претседател на Чешка: Еднаш ќе мора да собориме некој руски авион
-

Алиу за случајот со почината пациентка: ДСЗИ е веќе на терен, денеска ќе потпишам да се формира стручната комисија
