СОС-порака на плажа спаси тројца морнари во Микронезија
Тројца морнари од американската територија Гуам, чиј брод се движел близу еден мал, зафрлен остров во западен Тихи Океан, беа спасени откако спасувачи од воздух ја забележале СОС-пораката на плажа на островот во Микронезија.
Потрагата по морнарите кои исчезнаа пред три дена ја почнаа властите во Гуам. Според наводите, тие не ја завршиле предвидената пловидба од Пулават до Пулап, два корални острова.
Наместо тоа, тие стигнале до Пикелот, скоро 200 километри западно од местото каде што отпловиле.
Нивната СОС-порака на песочната плажа била забележана од австралиски хеликоптер, којшто потоа слетал и им доставил храна и вода. Тројцата морнари биле пронајдени во добра состојба, без сериозни повреди, соопштија официјални лица.
Микронезија се состои од околу 600 мали острови расфрлани низ западниот дел на Тихиот Океан.
Ново на Сител
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ