Сопственици на приватни авиони со зголемен број барања за летови до Кина
Богати сопственици на приватни авиони добиваат голем број на барања за превоз на луѓе во Кина, јави Би-Би-Си. Авиокомпаниите откажуваат редовни летови заради карантинот во Хубеи и другите провинции.
Ова ги тера многу луѓе подготвени да платат за чартер лет, и покрај значително повисоката цена.
Од Парамаунт бизнис џет, базирана во Австралија, велат дека тие пријавиле „значително зголемување“ на барањата за нивните услуги уште од почетокот на кризата со вирусот.
И оваа компанија и другите компании кои обично нудат луксуз, малите авиони за изнајмување не можат да одговорат на зголемен интерес заради недостаток на доволно екипажи.
„Многу компании не сакаат да го испратат својот тим во Кина затоа што сметаат дека постои ризик. Тие исто така стравуваат дека дури и ако болеста ги одмине екипажите, тие нема да бидат достапни, бидејќи може да бидат ставени во дво-неделен карантин по враќањето од Кина“, вели Дарин Воилс од Парамаунт.
Друга луксузна компанија за изнајмување авиони со седиште во Сингапур, МајЏет Азија, вели дека во изминатиот месец зголемувањето на барањата за услуги е помеѓу 80 и 90 проценти. Тие нагласуваат дека имаат барања од лица во провинцијата Хубеи која е под карантин да платат огромни суми само за да заминат оттаму.
Мал авион може да пренесе до четири патници и чини околу 2.400 долари за еден час, средно голем авион може да пренезе до 10 патници и чини околу 6.000 долари за час.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто