Балкан
6. September 2016 - 9:06

Сопругот Зоран го знае убиецот на Јелена, нови детали од истрагата

Полицијата која го истражуива убиството на Јелена Марјановиќ откри дека пејачката ја убил некој од опкружувањето на нејзиниот сопруг, но и дека Зоран во моментот на злосторството тоа не го знаел, пишува Пинк.

-Знаеме кој е убиецот, но тоа не е доволно за обвинителството. Злосторникот е маж и жртвата добро ја познавал, вели извор од истрагата.

Да потсетиме, Јелена Марјановиќ на 2. април околу 15 часот се разделила на насипот Црвеника од својот сопруг Зоран и ќерката Јана и отишла за трча. Нејзиното безживотно тело е пронајдено ден подоцна во каналот во Борча.