Живот
29. November 2016 - 17:32

Сопругата на преживеаниот фудбалер со трогателна порака на социјалните мрежи

 
Сопругата на преживеаниот фудбалер Алан Рушхел се огласи на социјалните мрежи по повод стравичната несреќа која им се случи на патниците кога се сруши авионот во Колумбија во кој беше целиот фудбалски тим на  „Чапокоензе“.
 
На Аманда Рушхел и паднало камен од срцето кога слушнала дека нејзиниот сопруг Алан е меѓу петорицата преживеани во стравичната несреќа, но 76 лица загинаа па по тој повод напиша емотивна порака:
 
– Фала му на Бога Алан преживеа. Тој е сега во болница и неговата состојба му е стабилна. Алан се моли за сите оние кои не преживеаја, како и за членовите на нивните семејства да им даде Бог сила во овие тешки моменти. На сите нас ни е многу тешко… стои во пораката на Инстаграм.
 
Само пет патници преживеаја во страшната трагедија која се случи во Колумбија.