Џет-Сет
29. December 2017 - 20:53

Сопругата на Оливер Драгојевиќ откри нови детали за неговата здравствена состојба

Хрватскиот пејач Оливер Драгоевиќ празничните денови ги минува дома со семејството и се чувствува многу подобро.

„Оливер е добар. Хемотерапијата е завршена, а набргу ќе почне со имунотерапија. Лекувањето е успешно, туморот е намален“, рекла неговата сопруга Весна за хрватскиот портал „24 сата“.

Оливер излезе од болница пред Божик, а дома ќе биде и за новогодишните празници.