Македонија
4. May 2020 - 12:03

Сопругата на Драган Вучиќ е исто така позитивна на коронавирусот

Утрово на Инфективната клиника во Скопје почина Драган Вучиќ, познатиот музичар и водител. Тој бил позитивен на вирусот Ковид-19.

На Инфективната клиника Вучиќ, кој беше дијабетичар, бил цела недела, со висока температура и со покачен шеќер. Блиски на семејството Вучиќ велат дека позитивна на вирусот е и е неговата сопруга Весна, која засега нема никакви симптоми.

Вучиќ е роден во 1955 година во Скопје. Автор е на многу хитови меѓу кои „Свирете ја зајди зајди“ на Олгица Христовска. Беше автор на талент-шоу проектите „Вашите 5 минути“, и „Мак ѕвезди“ и на многу квизови.