Македонија
20. December 2019 - 10:29

Сопатничка тешко повредена во сообраќајка во Илинден

Вчера во 11.25 часот на сервисната улица која ги поврзува улицата „1“ и автопатот „Пријателство“- клучка Илинден, патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(32) од с.Илинден, скопско, удрило во метална ограда.

Во незгодата, сопатничката Т.Б.(43) од с.Кадино, скопско, се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.