Македонија
9. November 2019 - 18:39

Сообраќајот по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
 
Како што информира АМСМ, на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
 
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.