Македонија
5. January 2020 - 11:51

Сообраќајот на патиштата по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка, Крушево, Ѓавато и Пресека

Сообраќајот на патиштата се одвива тековно по наместа влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот има на Попова Шапка, Крушево и на планинските превои Ѓавато и Пресека, информираа од ЈП Македонија пат.

Намалена видливост поради магла до 150 метри има во Крушево. Од ЈП Македонија пат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Мaкедонија пат, како што се посочува, постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.