Македонија
23. January 2022 - 8:20

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег

На ден 24.01.2022 на автопатот Кичево-Охрид  ќе се изврши минирање во времето од 15 до 16:30 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.