Сообраќајна несреќа во Чашка едно лице повреден
- На регионалниот пат село Лисиче – село Дреново, општина Чашка утрово се случила сообраќајна несреќа во која со повреди се здобил возачот на едно од возилата.
Во сообраќајката учествувале автомобил марка „ауди“ со велешки регистарски броеви управувано од С.К.(36) од село Долно Јаболчиште – општина Чашка и патнички автомобил марка „Мерцедес “ со велешки регистарски броеви управувано од В.Т.(73) од Велес.
- Во незгодата со повреди се здобил возачот на патничкиот автомобил „Ауди“ кој со возило на брза помош е пренесен во ЈЗУ Општа болница - Велес каде му е укажана лекарска помош и се констатирани телесни повреди и истиот е пуштен на домашно лекување, појасни Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучување за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучувањето за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, воено политички експерт
-
Мицкоски: Ние сме усогласени со надворешната политика на ЕУ
-
Владата го усвои предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски
-
Влада ги отфрли доказите на СДСМ за работењето на Меџити - немало злоупотреба на положбата
-
Европратеник Вајц: И покрај Украина, проширувањето е висок приротитет на ЕУ